Отстрелани мечка со две мали мечиња во Националниот парк „Маврово“

Во близина на селото Жировница, изутрината ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ пронашла отстрелани мечка со две мали мечиња. Случајот на денешната прес конференција го објави директорот на Државниот инспекторат за заштита на животна средина Сретен Стојковски.

Полицијата прави увид, по што се очекува да се утврди дали се работи за намерен отстрел или нешто друго е во прашање.

Од Националниот парк „Маврово“ не сакаа да откријат детали за случајот додека не биде завршена истрагата. Случајот е пријавен до сите надлежни институции, кои во моментов се на терен.

Претходна вестГруевски: Заев на бугарските власти им предал аудио-материјали од средби на македонскиот државниот врв по прашањата поврзани со Бугарија
Следна вестОПМ: Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи