Хакирани сме од злонамерни поединци, велат од Алијанса за Албанците

Каналите за информирање на Алијансата за Албанците се хакирани од злонамерни поединци, велат од оваа партија.

„Против злонамерните лица за вакви сајбер криминали ќе бидат преземени неопходните законски мерки. Ниту едно соопштение од узурпираните комуникациски канали не претставува официјален став на Алијансата за Албанците и нејзините легитимни тела, до разрешување на ова прашање, за што ќе бидете навремено известени“, велат од партијата на Таравари

Претходна вестЗемјотрес ја погоди Албанија
Следна вестМицкоски од Конгресот на ЕПП: ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи економски раст и стабилност, а ЕУ мора да ги интензивира напорите за интегрирање на Македонија и регионот