Станиците за технички преглед деновиве се преполни поради наметнатото менување на таблиците со ,,НМК”. А денес, налепници „НМК“ се појавија на продажба на страници на интернет, по цена од 50 денари, пренесе ,,МакФакс”.
Додека се случува метеж во станиците за технички преглед, на неколку страници осамнаа објави кои нудат налепници дури и со достава до домашна адреса по карго, а тврдат и дека се отпорни на надворешни влијанија.
Претходно, Министерството за внатрешни работи oдлучи налепниците со ознаката НМК да бидат на товар на МВР.
– Налепниците ќе бидат бесплатни за граѓаните и ќе треба да се залепат на регистарските таблици, објави Министерството минатата недела.
Останува да се види дали и кога МВР ќе ги истражи и казни овие појави.