Пожарот во ,,Ист гејт мол” е изгаснат, ќе продолжи со редовна работа

Пожар утрово избувна во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, на најгорниот кат, каде што се наоѓаат рестораните за подготовка на храна. Во пожарот, освен материјална штета, нема повредени лица, а противпожарните екипи по интервенцијата, се повлекуваат од местото. По изгаснатиот пожар се огласија и од ,,Ист гејт мол” со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

– Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип ситуации беа активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани. Како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица ниту е причинета голема материјална штета. Настанот се случи во време кога трговскиот центар сѐ уште не е оперативен и нема посетители. Во моментов се врши увид за причините од страна на надлежните органи, се наведува во соопштението од Ист гејт мол.

По завршување на увидот, трговскиот центар ќе продолжи со работа со редовно работно време.

Претходна вестЗошто пратениците на ДУИ и СДСМ не го решат проблемот со пасошите исто како со возачките дозволи?
Следна вестХаос во хаосот: Во Чаир се продаваат налепници ,,НМК” две за 100 денари