Зошто пратениците на ДУИ и СДСМ не го решат проблемот со пасошите исто како со возачките дозволи?

Државниот притвор за над 650.000 македонски граѓани влезе во вториот ден. Власта не им стави лисици, ама им забрани на граѓаните да излегуваат од Македонија ако на пасошите го немаат нивниот омилен збор – „Северна“. И така, втор ден голем хаос во Македонија, уште поголемо разочарување и супер големо понижување.

Бараат ли властите сериозен излез од оваа ситуагија на масовно кршење на основните човекови права – правото на слободно движење?

На потег е новиот министер во МВР. Но, пред се на потег е владеачкото мнозинство на ДУИ и СДСМ! Нивни министри, односно Влада го направи непримерниот за светски рамки – скандал, тие треба сега да го дадат решението.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа целосно објасни колку е лоша состојбата. Во депоата има само уште околу 4.000 обрасци за пасоши од типот „А“ и нешто помалку од 10.000 пасоши од типот „Б“, а веќе повеќе од 100.000 граѓани се фотографирани, но нивните пасоши не може да се направат бидејќи нема доволно обрасци. А нови пасоши ќе пристигнат прво дури кон крајот на месецов, а потоа дури на почетокот на летните месеци, околу 380.000. Но, и тогаш ќе биде прашањето дали за сите македонски граѓаѓани ќе има доволно пасоши оти некој набавката ја димензионирал на смао 1,75 милиони граѓани, а не и во однос на 2,5 милиони граѓани со македонски патни исправи во земјава и по светот.

Значи, и да успееш да се фотографираш во МВР, потоа многу ќе чекаш за добивање на пасошот. Тоа е недозволиво. Има луѓе кои работат по странство, има луѓе кои ќе мора поради лекување да одат во странство.., врочем и оние кои сакаат само на одмор да одат – Уставот им гарантира тоа право да си го остварат. Па зарем Уставот на власта им е важен само кога треба да се менува по барање на странци?

Посериозна реорганизација во МВР ќе го ублажи проблемот, но нема ниту одблизу да го реши. Јавноста уште пред 3-4 месеци опоменуваше дека ќе дојде до ова катастрофа и дека власта треба да го оддолжи наметнатиот датум за промена на пасошите. Ама, власта беше глува. Министерот во МВР, Спасовски, или не ги знаеше фактите или повеќе мислеше на други за него поважни работи.
И ете. Хаосот и понижувањето за една третина од македонското население е тука – се случува. И, мора да се бара решение. Што се чека?
Зошто не се тргне по патот по кој се тргна при барање на решението за продолжувањето на важноста на возачките и сообраќајните дозволи? Се сменија делови од закон и тие документи сега важат до крајот на годината. Власта виде дека направи проблем и некако го подзалечи, а сега дури и сака да купи мир со давање на возачки дозволи бесплатно.
Но, зошто парламентарното мнозинство на ДУИ и СДСМ ова не го направи и со пасошите? 
Владата, Собранието… треба да иницираат предлог промена на закон кој што ќе биде донесен во соодветна правна процедура и со што ќе им биде овозможено на македонските граѓани со старите пасоши да излегуваат од земјава.
Пратениците се платени за да ги штитат правата на македонските граѓани. А македонската дипломатија е платена да објасни на странците дека некои потези мора да се случат, а се друго ќе се реши во догледно време.
Претходна вестПелистер вечерва го пречекува големиот ПСЖ
Следна вестПожарот во ,,Ист гејт мол” е изгаснат, ќе продолжи со редовна работа