Пелистер вечерва го пречекува големиот ПСЖ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва ќе го пречекаат најбогатиот клуб во светот. Пролетниот дел од сезоната во Лигата на шампионите битолчани ќе го отворат против моќниот ПСЖ, во рамки од 11. коло од групата Б во елитата на ЕХФ.

Македонскиот шампион во одличен моментум го пречекува големиот фаворит. Пред четири дена во Битола, пред полна сала и одлична атмосфера, падна лутиот ривал Вардар во првиот натпревар од плеј-офот. Пеколно се очекува да биде и вечерва. Салата „Боро Чурлевски“ повторно е распродадена, па ѕвездите на ПСЖ предводени од Раул Гонзалез ќе можат во живо да го почувствуваат она за што говори цела Европа, кога Еурофарм Пелистер има на свој терен.

Пелистерци со позитивни вибрации ќе го пречекаат вечерашното соочување се големиот фаворит, а она што ги радува битолчани и тренерот Ангеловски е фактот што во тимот за првпат ќе биде нашето најдобро лево крило и ракометар со огромно искуство во ЛШ, Дејан Манасков.

Претходна вестСиндикати на пет универзитети бараат потпишување на колективните договори и прием кај Митрески
Следна вестЗошто пратениците на ДУИ и СДСМ не го решат проблемот со пасошите исто како со возачките дозволи?