Синдикати на пет универзитети бараат потпишување на колективните договори и прием кај Митрески

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски остварил средба со ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова и нејзиниот тим, заедно со претставници на синдикатот, при што се изнајде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати, извести вчера МТСП. Денес, синдикати на пет јавни универзитети во Македонија испратија допис до медиумите во однос на Колективниот договор на вработените на УКИМ.

Синдикатите во дописот до медиумите соопштија дека го поддржуваат Сојузот на синдикатите на УКИМ (ССУКИМ) во остварувањето на нивните права кои произлегуваат од потпишаниот Колективен договор на вработените на Скопскиот универзитет.

Синдикатите на универзитетите во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“-Охрид и „Мајка Тереза’-Скопје информираат дека искажуваат „братска солидарност и поддршка во напорите на Сојузот на синдикатите на УКИМ (ССУКИМ) во остварувањето на нивните права“.

Воедно бараат итен прием кај претседателот на Собранието Јован Митревски, како правен застапник на основачот на јавните универзитети, со цел да ги потпишат колективните договори кои претходно ги доставиле.

-Доколку не бидеме примени најдоцна до 15 февруари 2024 како синдикати на наведените јавни универзитети, ќе преземеме други чекори и постапки кои соодвестуваат на современиот синдикализам, се наведува во соопштението.

Претходна вестБиткоинот достигна вредност од над 50 илјади долари
Следна вестПелистер вечерва го пречекува големиот ПСЖ