Комисија за заштита од дискриминација: Со бесплатните возачки и сообраќајни дозволи има нееднаков третман на граѓаните

Нема дискриминација но има нееднаков третман на граѓаните со владината одлука смената на возачките и на сообраќајните дозволи да биде бесплатна од денеска па до крајот на годината. Ова е ставот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијасоопштен на „Слободен печат“ по вчерашната владина одлука.

– По повод мерката на Владата на Република Северна Македонија за вадење на возачки дозволи и сообраќајни дозволи без надомест, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека се прави нееднаков третман кон граѓаните кои промениле важечки документи со новот име на државата и за истите платиле. Во овој случај не се работи за дискриминаторска основа, постои нееднаков третман, но не и дискриминација. Институциите треба да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман за сите граѓани во постапките на промена на важечки документи со новото име на државата – соопшти Комисијата, откако „Слободен печат“ побара став.

Комисијата смета дека државата потфрлила да обезбеди важечки лични документи.

-Тоа може да ги повреди останатите права на граѓаните како правото на слободно движење, правото на работа, правото на здравствена заштита итн. Ги поздравуваме мерките кои ги презема владата за да обезбеди лични документи на сите граѓани, но истите се ненавремени со што се наруши правната сигурност на граѓаните, смета Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Претходна вестМедалистот Витомир Трајковски на прием кај Наумче Мојсовски
Следна вестШест нови случаи на голема кашлица во Скопје