Шест нови случаи на голема кашлица во Скопје

Шест нови случаи на голема кашлица се забележани во Скопје и со тоа бројот на заразени од пертусис се зголеми на 28 од почетокот на годината, извести Центарот за јавно здравје. Пред една седмица Комисијата за заразни болести препорача да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје.

Александар Петличковски, претседателот на Комисијата, препорача забрана за прием на невакцинирани деца против пертусис во градинките и апелира сите што ја пропуштиле вакцинацијата со редовниот календар – да се вакцинираат.

По препорака на Комисијата, вакциналните пунктови работат во две смени преку работната недела и до 14 часот во сабота.

Претходна вестКомисија за заштита од дискриминација: Со бесплатните возачки и сообраќајни дозволи има нееднаков третман на граѓаните
Следна вестНа преминот Јариње запрена уште една пратка со динари за Косово