Хаос во хаосот: Во Чаир се продаваат налепници ,,НМК” две за 100 денари

Станиците за технички преглед деновиве се преполни поради наметнатото менување на таблиците со ,,НМК”. А денес, налепници „НМК“ се појавија на продажба на страници на интернет, по цена од 50 денари, пренесе ,,МакФакс”.

Додека се случува метеж во станиците за технички преглед, на неколку страници осамнаа објави кои нудат налепници дури и со достава до домашна адреса по карго, а тврдат и дека се отпорни на надворешни влијанија.

Претходно, Министерството за внатрешни работи oдлучи налепниците со ознаката НМК да бидат на товар на МВР.

– Налепниците ќе бидат бесплатни за граѓаните и ќе треба да се залепат на регистарските таблици, објави Министерството минатата недела.

Останува да се види дали и кога МВР ќе ги истражи и казни овие појави.

Претходна вестПожарот во ,,Ист гејт мол” е изгаснат, ќе продолжи со редовна работа
Следна вестТошковски на Табановце – во Србија се патува и со лични карти без „Северна“