Познати полуфиналните двојки во кошаркарскиот Куп на Македонија

Драма, но и победи на фаворитите во четвртфиналните средби од Купот на Македонија, кој оваа година се одржува во Битола.

Во првиот полуфинален натпревар, МЗТ Скопје лесно се справи со аутсајдерот Гостивар. Вториот дуел донесе голема драма. Работнички дури во последните моменти успеа да го скрши отпорот на ТФТ и да закаже пресметка со вечниот ривал во борба за финале.

Тешка победа избори и тимот на Еуро Никел, кои исто во последниот период ја направија разликата против Чаир и запишаа победа вредна полуфинале.

Таму за противник ќе го имаат домаќинот Пелистер, кој рутински без поголеми проблеми славеше против екипата на Феникс 2010.

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ 2024 – БИТОЛА

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар 91:76

Еуро Никел 2005 – Чаир 2030 87:79

Работнички – ТФТ Моцарт 75:68

Пелистер – Феникс 2010 81:70

ПОЛУФИНАЛЕ

16.ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)

17.00: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички

19.30: Еуро Никел 2005 – Пелистер

Претходна вестГрчкиот парламент го легализираше бракот и посвојувањето за истополовите парови
Следна вестКазнети 155 возачи во Скопје