Казнети 155 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, 17 мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходна вестПознати полуфиналните двојки во кошаркарскиот Куп на Македонија
Следна вестГори кровна конструкција на куќа во близина на Ист Гејт Мол