Концерт на уметниците Маја Богдановиќ на виолончело и виолинистот Даниел Роланд е вечерва на репертоарот на Охридско лето.
Се работи за дуо кое постои од 2018 година, а имаат настапувано на бројни фестивали во Европа, САД и Јужна Америка освојувајќи ја публиката со нивната страст.
Нивното неодамна издадено ЦД за компанијата „Challenge Records“ вклучува светски премиери и дела од Пендерецки, Солима, Васкс, Нисинман и е одлично примено од музичката критика. Странските медиуми за нив пишуваат дека се „Исклучително- неверојатно богатство, комплетно уживање“.