Дигиталната мултимедијална изложба за делата на Конески од денеска во НУБ

Дигитална изложба со мултимедијални содржини по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески се поставува денеска во Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Насловена е како „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“.

Од библиотеката велат дека зложбата содржи селектиран материјал од општиот фонд и од специјалните збирки на НУБ „Св. Климент Охридски“: објавени дела од Блаже Конески и од други автори за Конески, преводи на негови дела на други јазици и негови преводи од други автори, оригинални ракописи од авторот, фотографии…

-Целта на дигиталната изложба е поширока презентација на Конески и приближување на неговата поезија, проза, стручните дела и ликот во целина до јавноста, како и поттикнување на нови идеи за истражување на неговиот богат и разновиден опус. Со претставените содржини се истакнува неговата значајна основоположничка улога за современиот македонски јазик, како и неговите креативни достигнувања и остварувања, велат од НУБ.

Претходна вестСончево и топло време, до следниот петок температури над 40 степени
Следна вестКазнети 111 возачи во Скопје, 37 за брзо возење