„Стела“ и уште неколку македонски филмови ќе бидат прикажани на Сараевскиот филмски фестивал

„Стела“ првиот македонски детски семеен филм на режисерот Стефан Вујичиќ, ќе е меѓу избраните да биде прикажан на 27. издание на еден од најголемите фестивали во регионот, Сараевскиот.

Во главната улога во „Стела“ е Петар Маниќ, кој го игра десетгодишниот Никола, кој по обидот за самоубиство поради чести малтретирања на училиште се зближува со шарпланинката Стела, која му ја враќа вербата во живот.

Фестивалот трае од 13 до 20 август, а освен „Стела“ ќе бидат прикажани и уште неколку македонски филмови: „Соло мед“, новиот краток филм на Тамара Котевска, потоа, за наградата Срце ќе конкурира и „Северен пол“ на Марија Апчевска, кој неодамна беше во селекцијата за Златна палма во Кан. „Пореметена Земја“ на Кумјана Новакова и Гилјермо Карерас-Канди ќе има светска премиера во програмата за документарци.

Претходна вестИ Романија праќа помош за пожарите во Македонија, а неколку министри на чело со Заев ќе летуваат до 12 август
Следна вестКои ќе бидат редарите кои ќе бараат вакцинални потврди пред рестораните?