Фестивал на неми и класични филмови од денеска до 16 август во Кинотека на Македонија

Фестивал на неми и класични филмови ќе се прикажува од денеска до 16 август во Кинотеката на Македонија. Различни филмови ќе бидат прикажани, а меѓу нив и наслови кои се популарни кога станува збор за овој тип на жанрови.

На репертоарот се францускиот „До последен здив“ од 1960 на Жан-Лик Годар, „400 удари“ од 1959 на Франсоа Трифо, „Еден човек и една жена“ од 1966 на Клод Лелуш, како и трилогијата на Александар Довженко украински режисер од ерата на Советскиот Сојуз, составена од немите филмови „Звенигора“ (1928), „Арсенал“ (1929) и „Земја“ (1930).

И не само овие, туку дел од репертоарот се и „Приказни од Македонија“, потоа „Галичник“ на Сифрид Миладинов од 1940, германско-францускиот документарец „Со Грците на огнената линија“ од 1913.

Претходна вестЈосифовски: Со редарите ќе настане хаос во угостителските објекти
Следна вестНе знам како не им се смачи да го гледаат народот сиромашен и несреќен