Темно Режим Светло Режим

Романското дуи Петру Иуга и Хориа Михаил вечерва на „Охридско лето“

На репертоарот на „Охридско лето“ вечерва е концерт на романското дуо Петро Иуга на контрабас и Хориа Михаил на пијано.

Иуга е носител на бројни признанија од светските натпревари за контрабас што му овозможува светска кариера и гостувања како солист со престижни европски оркестри меѓу кои и Лондонскиот симфониски оркестар, додека пак пијанистот Хориа Михаил дебитира со оркестар на 10 годишна возраст во неговиот роден град Брашов, а до денес настапува како солист со сите оркестри во Романија вклучително и Филхармонијата „Жорж Енеску“ и оркестарот на Романското радио.

Концертот е од 21 часот во катедралната црква „Света Софија“.

Претходниот Пост

Кои ќе бидат редарите кои ќе бараат вакцинални потврди пред рестораните?

Следниот Пост

Откако минатата недела пораснаа за 3,5, сега бензините ќе поевтинат за 1 денар