Репертоар за „музички гурмани“ во август во Кинотека

Програма за „музички гурмани“ вака во Кинотека на Македонија ја најавуваат августовската програма со богат репертоар. Според информациите од таму, на 13, 14 и 16 август ќе се прикажува трилогија на неми филмови, а потоа – велат – следи музичка експлозија.

-Документарниот филм „Нов бран – 40 години подоцна“ на 17.август, во 20:00 часот, ќе го означи почетокот на деновите на „Кроација рекордс (Croatia Records)“ во нашата Кинотека, и е своевиден вовед во тематскиот блок од неколку документарци кои се занимаваат со феноменот на „музичкиот земјотрес“ по кој звучните слики на Љубљана, Загреб и Белград (делумно и Скопје) веќе никогаш не беа исти, информираат од Кинотека.

По оваа проекција Кинотека најавува трибина на истата тема со Никола Кнежевиќ и Иван Беќковиќ од „Кроација рекордс“. А дветепоследни вечери се резервирани за летното издание на СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ.

Претходна вестЗа една недела пет смртни случаи од ковид, повеќе новозаразени отколку лани ова време
Следна вест„Пеколот“ продолжува и денеска