„Пеколот“ продолжува и денеска

И денеска продолжува топлото време со еколни температури. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена, со УВ 9.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 41 степен.

Продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности долж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен.

И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Претходна вестРепертоар за „музички гурмани“ во август во Кинотека
Следна вестНајмногу гужва на Богородица, се чека еден час, на Ќафасан 30 минути