Не пукајте на свадби ако не ви се плаќа казна од 500 евра

Пукањето на свадбии е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а глобата за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31), потсетуваат од МВР.

Во зависност од последиците пукањето може да претставува и кривично дело предизвикување општа опасност за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, заедно со помошник-директорот Шефик Бајрами деновиве одат по општините на разговори со локалните власти, со цел да го свртат вниманиетто кон опасноста од пукањето со огнено оружје на семејните веселби кои се чести во летниот период.

 

Претходна вестПо маратонската седница за буџетот: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична за градоначалникот на Гази Баба
Следна вестЗа шест часа казнети 93 возачи на автопатот Куманово-Скопје-Велес