DJ сет на Крсте Стефановски на 6 август во дворот на МОФ

Во петок на 6 август, со почеток во 19.30 рамки на културното лето во Младинскиот образовен форум – „Cult+Alt+Repeat“, ќе се одржи DJ сет на Крсте Стефановски. Локацијата е дворот на МОФ.

– Крсте, за себе, вели дека ужива во електронска музика, во екпериментирање, во социјализација со интересни луѓе и во миксање на нови песни. Несомнено шармира со својот препознатлив стил и препознатлив избор на музика, велат организаторите.

Тие се надеваат дека културното лето преку повеќе настани ќе им овозможи на младите да се социјализираат, меѓусебно да се запознаат, да слушаат квалитетна музика од домашни артисти, да проследат актуелен филм, но и да се опуштат со јога.

Претходна вестВладата одлучува: Ќе се прогласи ли кризна состојба во следните 30 дена?
Следна вестДоаѓа мало заладување, а некаде и невреме