„Северен пол“: Прв македонски филм кој вечерва се трка за „Златна палма“ на Кански фестивал

„Северен пол“ денеска ја дочека својата премиера на светскио Кански филмски фестивал. Македонскиот филм е по сценарио и режија на Марија Апчевска. Ова е прв македонски филм воопшто што ќе се трка за престижната „Златна палма“.

Од вкупно 3739 прегледани краткометражни филмови „Северен пол“ е меѓу десетте селектирани. Финалните 10 се во трка за освојување на престижната награда за краток филм. Денеска ќе биде објавен и победникот.

Ова е огромен успех за поновата македонска кинематографија и прв краток филм кој во самостојан Македонија успеал да влезе во некоја од главните натпреварувачки категорија на фестивалот од А-категорија.

Филмот е приказна за 16-годишна девојка која се обидува да пронајде каде припаѓа. Проектот беше еден од двата наградени филмови на програмата European Short Pitch – Nisi Masa, 2019. Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Филмот се снимаше во Скопје и Македонска Каменица.

Претходна вестПолски тоалети, греење на дрва на час: Пак ли вака во училиште од 1 септември?
Следна вест„Тиргите“ апсеа во Дебар Маало