Полски тоалети, греење на дрва на час: Пак ли вака во училиште од 1 септември?

Министерката за образование Мила Царовска уверува дека од септември, ако епидемиолошката слика остане иста како сега, сите ученици се враќаат во училишните клупи. Во спротивно ќе се размислува и одбере едно од двете други сценарија: одење во смени и комбиниран модел.

Но, ако децата се враќаат во училиште надлежните претходно им должат објаснување за следново:
-Дали во сите училишта во Македонија се обезбедија сите неопходни услови за непречено одвивање на наставата? Дел од општините се пофалија дека ковид-просторот на неодење во училишта го искористија за реновирање и санирање на недостатоците. Но, што е со оние во кои на децата може да им се урне кровот на глава, или одат во полски тоалети?
-Дали се обезбеди соодветно затоплување во училиштата каде децата се уште се греат на дрва?
-Обезбедени се таблети и компјутери за сите деца, а не само за 10 000 деца како што најави државата? Видовме дека според родителите тоа е дискриминација, па се заканија со протест и бојкот, меѓу другото и, ако сите деца не се рамноправно третирани
-Бидејќи се предвидува целосна интеграција на лицата со попреченост од 1 септември, дали се ставени рампи на влезовите на сите училишта?
-Дали за сите ученици со посебни потреби е обезбеден асистент, дефектолог?

И не се само овие прашања, но секако се меѓу базичните предуслови за да може наставата да започне. Додека се чекаат одговорите, МОН е дециден дека новиот концепт во образованието мора да се спроведува од следнава учебна година. И покрај тоа што законските измени за учебниците не беа усвоени, министерството веќе подготвува наставни програми и материјали врз основа на новиот образовен концепт кој беше усвоен во Владата пред неколку месеци.

Претходна вестКривична пријава против две лица за лихварство
Следна вест„Северен пол“: Прв македонски филм кој вечерва се трка за „Златна палма“ на Кански фестивал