„Холивуд вода може да ви носи“; „Беше очигледно дека пописот ќе оди на штета на македонскиот народ“ – експресна реакција на граѓаните за објавените резултати

Објавените резултати од пописот експресно ја зовреа јавноста во Македонија. Недоверба, револт од резултатите, тврдења дека пописните резултати се лажирани и политички договорени, неприфаќање на пописот, барање оставки… се само дел од реакциите кои граѓаните ги искажува по социјалните мрежи буквално неколку минути по соопштените резултати.

-Холивуд вода може да ви носи… ; Ха, ха, ха.. мислите ли дека Македонците ви веруваат…, беа само дел од пораките објавени на Фејсбук страницата на Владата под информацијата за резултатите на пописот.

Другите граѓани напишаа и иронични пораки.

-Попис на магацин за производи, пореален ќе беше, порача еден од граѓаните.

Другите наведуваат дека пописот треба да се поништи бидејќи сите граѓани не беа попишани, а некои поставуваа прашање „што е со оние граѓани што не се попишани. а кои не бојкотирале“?

-Не е мал бројот на истите, пописот врска нема и далеку е од успешен, односно е неуспешен, напиша една граѓанка.

Дел од граѓаните се незадоволни со тоа колкав процент на етнички Македонци се покажал во пописот.

-На следен попис ќе бидеме малцинство во сопствената држава, коментар е на еден граѓанин.

Жител на Скопје порача дека на пописот ќе можеше да му се верува само доколку секој граѓанин има увид во тоа како е попишан.

-Ама тоа се крие и само неколку души вработени во ДЗС може да ја знаат вистината, укажа тој.

Неговата сограѓанка напиша дека граѓаните „не прифаќаат вакво потпис и дека требало да им се даваат потврди дека се попишани“.

-Толку беше очигледно дека и оваа работа ќе оди на штета на македонскиот народ како и се останато за овие 5 години. Но уште повеќе боли тоа што овој фалсификат излегува од уста на еден етнички Македонец и со амин на сите етнички Македонци кои се во власта, а со молк на голем дел од етничките Македонци кои се во опозиција, кометира еден граѓанин.

Реагираат и политички парти. Бараат пребројувања, најавуваат кривични пријави…

За потсетување, денска беше соопштено дека вкупното население што живее во земјава е 1.836.713 граѓани, од кои најмногу – 58,4 отсто се Македонци, а 24,3 Албанци… Споредбено со 2002, намалување има и кај Македонците за над 200.000 и кај Албанците за околу 60.000, но колку тоа е во реалноста, јасна слика не може да се има, бидејќи административно биле попишани околу 132.000 луѓе или 7,2 отсто. За нив информациите биле прибрани преку бази на податоци, но не се знае етничка припадност.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски тврди дека податоците кои се собрани со спроведениот попис се точни и оти при собирањето и обработката се почитувани сите меѓународни стандарди.

 

Претходна вестДемократски сојуз: Претежно Македонци, над 130.000 не се попишани
Следна вестОблачно со повремен дожд и слаб ветер