Христијан Мицкоски: Ќе одиме до крај!

Нема да отстапам ниту да се повлечам. Ќе одиме до крај, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во објавата на неговиот профил на социјална мрежа Фејсбук тој рече дека протестите ќе бидат уште помасовни.

-Сакам да ве уверам дека и покрај тоа што има хушкачи и луѓе коишто лиферуваат на дневна основа лажни вести сакајќи да ги манипулираат македонците нема да отстапам, ниту да се повлечам. Ќе одиме до крај! Уште побројни, помасовни а јас заедно со вас, ќе го предводиме повторно победничкиот марш кон слободна Македонија, нема чекор назад. Затоа што ќе одиме напред со народот на Македонија, силно, мирно и со гордо крената глава!, порача Мицкоски.

Претходна вестЈавно обвинителство: Осуммина осомничени за учество во толпа пред Собранието
Следна вестВладата ја проследи предлог-преговарачката рамка до Собранието