И Антикорупциска констатира – борбата против корупција стагнира, но кој е виновен за тоа?

По вчерашниот извештај на Транспаренси интернешенл со кој се констатира влошување на состојбата во однос на корупцијата во земјава, денеска се огласи и Државната антикорупциска комисија.

Нивната констатација е дека во земјава стагнира борбата против корупцијата, а она што загрижува е што декларираноста е високо изразена, но справувањето е неефикасно.

-Влијанието на политиката, злоупотребите на службената положба и овластувања, непотизмот, клиентелизмот и кронизмот се сè уште широко распространети. Делувањето на ДКСК, покрај другите надлежности, е особено насочено и во овие области кои се препознаени како високоризични и се дел од мерките утврдени во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, велат од ДКСК.

Во однос на својата работа, сметаат дека за да може успешно да се завршат откриените случаи на корупција и судир на интереси, треба да се спроведат нивните препораки, укажувања и иницијативи.

Инаку, без да навлегуваме во тоа која од институциите во ланецот за борба против корупцијата е „повеќе виновна“ од другата, нагласуваме дека за ефикасна борба, освен адекватни ресурси на надлежните институции и надзорни тела, посветеност и проследување на случаите за кои зборуваат од ДКСК, потребна е и самокритичност, за да се увидат и евентуалните сопствени пропусти.

Претходна вестСостојбата во ковид-центрите охрабрувачка: Бројот на отпуштени поголем од бројот на новопримени
Следна вестСкопјанец војувал во Сирија, добил потерница, а сега и обвинение