Состојбата во ковид-центрите охрабрувачка: Бројот на отпуштени поголем од бројот на новопримени

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Со ова, вкупно 254 лица сомнителни и потврдени на ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Најмногу нови пациенти се примени во ковид-  центарот во ГОБ „8 Септември“ – 7, со што вкупно има 79. Најмногу од пациентите со компликации од ковид се сместени на Инфективната клиника (81).

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Вкупниот број на лица кои се на болничко лекување поради комликации од корона вирусот во цела држава е 599 и е во минимално, но постојано опаѓање.

Претходна вестТри лица приведени за питачење, за малолетник ќе одговара мајката
Следна вестИ Антикорупциска констатира – борбата против корупција стагнира, но кој е виновен за тоа?