Три лица приведени за питачење, за малолетник ќе одговара мајката

Три лица се приведени поради питачењето во Скопје во изминативе неколку дена, а евидентиран е и еден малолетник, соопшти скопската полиција.

Во соопштението се наведува дека во периодот од 25.01. до 29.01.2021 од страна на полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје преземени се мерки и активности за спречување на социопатолошката појава „питачење“.

При активноста биле приведени Р.А.(36), М.С.(24) и С.О.(38), сите од Скопје, и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Евидентирано е и едно малолетно лице, поради што во полициска станица била повикана нејзината мајка Л.С.(44) од Скопје, против која по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по чл.201 од Кривичниот законик, се наведува во информацијата.

Претходна вестКоце Трајановски: Шилегов треба да каже се околу СРЦ „Треска“ и Универзална сала
Следна вестСостојбата во ковид-центрите охрабрувачка: Бројот на отпуштени поголем од бројот на новопримени