Коце Трајановски: Шилегов треба да каже се околу СРЦ „Треска“ и Универзална сала

Се огласи и поранешниот градоначалник на Скопје околу СЦГ „Треска“. Езерото Треска оваа влада го пренамени од земјоделско во градежно земјиште. Тоа јасно зборува дека таму сака да се направи некоја градежна експанзија. Тоа таму да не биде веќе СРЦ „Треска“, туку да има многу објекти односно хотели, индивидуални куќи, изјави денeска поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски. На гостувањето во „Утрински брифинг“ Трајановски објасни што се се прави околу овој комплекс.

Вистината е многу јасна, меѓутоа Петре Шилегов секогаш сака да ја префрли топката на некој друг, т.е. на мене или на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа треба да се потсетиме дека Петре Шилегов пред почетокот на кампањата за локалните избори 2017-тата година отиде на езерото Треска, таму се сликаше со сите негови соработници или советници што требаше да бидат во Градот Скопје и во кое што многу јасно и чисто кажа дека ако го добие мандатот од граѓаните на Градот Скопје ќе го ревалитизира езерото Треска. И дека после 20 години, не знам колку, езерото Треска повторно ќе биде ставено во функција. Тогаш тој ги знаеше состојбите и под кои и чии ингеренции е, и каква е состојбата со СРЦ Треска, меѓутоа ги излажа граѓаните дека тој ќе го ревалитизира езерото Треска, рече Трајановски.

Тој посебно го демантира тврдењето на Шилегов дека 2011, кога градоначалник бил Трајановски, Градот Скопје донел одлука со која што ја префрла надлежноста од Градот Скопје на Општина Сарај за СРЦ Треска.

-Тоа не е точно, нека го извади Шилегов тој документ, нека ја извади таа одлука и нека ја покаже јавно на граѓаните кога со одлука Советот на Град Скопје ја предал надлежноста на СРЦ Треска од Град Скопје на Општина Сарај. Нешто кога ќе ветиш треба да оствариш, или ако не оствариш, тогаш треба да се извиниш и треба да кажеш кои се причините поради кои што тоа не може да се оствари, нагласи Трајановски.

Во однос на Универзалната сала Трајановски истакна дека проект бил направен 2017-тата година уште во мај/јуни и тогаш бидејќи се уште беше тој градоначалник. Тогаш му го однел проектот на Роберт Алаѓозовски кој што беше веќе министер за култура но тој ништо не сторил.

е изгубија три години, а проектот остана во фиока како многуте други проекти. Тие проекти никогаш не се реализираа бидејќи беа предвидени од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не ги направи за доброто на граѓаните, потенцира Трајановски.

Претходна вест„Левица“ пред Уставен суд го оспори Законот за попис, наведени се повеќе причини за тоа
Следна вестТри лица приведени за питачење, за малолетник ќе одговара мајката