И да врне и да вее – разгален возач по улици казна да го грее

Улиците вчера беа завеани, подмрзнати…, но тоа не го намали сообраќајното лудило во Скопје. Да лудило и тоа кај еден значаен дел од скопските возачи.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, од кои 13 за возење без возачка дозвола, се вели во соопштението на МВР.

Мразот не им може ништо ниту на оние кои возат пијани. Фатени се 6 лица кои управувале возило под дејство на алкохол. Изрешени се и 11 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 7 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за некористење на сигурносен појас и 8 санкции за непрописно паркирање.

Како ли ќе биде кога ќе дојде пролет? Полицијата мора да реагира поревносно.

Претходна вестСловенија и Хрватска ги олеснуваат епидемиолошките мерки
Следна вестЛекција од Перу за нашиве функционери: Министерка си поднела оставка поради…