Денеска, како и вчера, на скопското подрачје се очекува сончево но попладне и нестабилно време, со услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 30 степени.
Во попладневните часови нестабилно време се очекува и на подрачјето на целата земја. Во одредни делови на земјата ќе има и невреме со со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
Од четврток Македонија ќе биде под влијание на значително постабилна воздушна маса, па така и времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со мала локална облачност.