До 25 август може да се пријавите на конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2020

Уште помалку од десет дена останаа за заинтересираните да се пријават на Конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ за 2020 година. Сите кои планираат да ги испратат своите ракописи може тоа да го направат на email адресата [email protected] заклучно со 25 август.

– Основната мисија на оваа награда е популаризација на поетскиот книжевен жанр, поттикнување на младите поети кои творат и се остваруваат на македонски јазик и афирмација и популаризација на нивните дела, се вели во соопштението од организаторите.

Тие велат се среќни што меѓу пристигнатите поетски ракописи има и неколку книги од млади автори, кои со оглед на годините освен за наградата „Антево перо“ имаат привилегија да бидат во конкуренција и за наградата „Антев часовник“, востановена лани за поети до 25 години.

Претходна вестTретa среќа за дивоградбата кај „Мавровка“, колку ќе ги има?
Следна вестИ денеска попладне нестабилно време со дожд