Tретa среќа за дивоградбата кај „Мавровка“, колку ќе ги има?

Уште повеќе пари – ова е механизмот со кој општина Чаир вчера одлучи дека ќе се обиде и по трет пат да најде фирма уривач на дивоградбата кај „Мавровка“. Првите два тендера што ги распиша беа по еден милион денари, третиот што според општината треба да се објави оваа недела – се уште не било одлучено колкав ќе биде. Како и да е, општината е убедена дека поголемите пари што ги нуди се единствениот механизам за да стимулира фирми за да уриваат дивоградби во Чаир – пред се онаа на два спрата кај Мавровка.

Но, оваа информација не ја избриша црната дамка врз општината во очите на скопјани. Тие и натаму не веруваат дека Чаир вистински сака да се справи со дивоградбата, затоа што прво градоначалникот тврдеше дека се гради по план, а инвеститорот имал дозвола за градба, за да по 20 дена, одеднаш, целосно го смени мислењето тврдејќи дека е дивоградба и чудејќи се кој е инвеститорот.

-Нормално ли е фирма за 3 часа работа да не сака да земе милионски тендер, и тоа во време на криза?! Кој не би сакал?!Можно ли е никој да не се пријави?! Ова е веќе смешно, и затоа нема да може никој да ја урне, коментираат скопјани.

-Ќе има безброј тендери, времето ќе си врви, градбата ќе си остане, велат други разочарани скопјени.

Инаку потрагата по мистериозниот инвеститор стигна до Обвинителство. Оттаму уште нема покрената постапка за овој предмет. Дивоградбата пред „Мавровка“ се гради на местото на кафулето „Фонтана“, кое изгоре во пожар на 1 мај годинава.

 

Претходна вестВо петок трет протест против поскапувањето на струјата
Следна вестДо 25 август може да се пријавите на конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2020