Во најголемиот дел од Македонија денеска ќе преовладува сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Тоа особено се однесува на западните делови од земјата каде на некои места ќе има подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) ќе изнесува 8.
Утринските температури се движат од 15 до 21, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 27 и 38 Целзиусови степени.
Во Скопје и Скопската котлина денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 36 степени.