И денеска врнежливо, од утре сончево и потопло

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремен локален дожд во претпладневните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно, со повремен дожд претпладне и со умерен и повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе досигне до 10 степени.

Од утре и во наредните денови следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури.

Претходна вестСкопски Градски фестивал денеска во Дом на АРМ
Следна вестСе отвори дупка од 10 метри на патот кај бањата Косоврасти, Дебар-Маврово е затворен