Скопски Градски фестивал денеска во Дом на АРМ

Денеска во Домот на Армијата ќе се одржи второто издание на Скопскиот Градски Фестивал.

Меѓу гостите е и македонската група Зулу 3.4 коиќе го промовираат својот нов албум насловен „Fragments#, а најавени се и настапите на словенечко- српското дуо со македонски корени Атанасовски – Хаџиманов, но и грчкиот виртуоз на хармоника со неговата група Thanos Stavridis & drom.

Васко Атанасовски е водечки словенечки и европски саксофонист, а Васил Хаџиманов е најдобриот светски џез-пијанист на електрично пијано. Танос Ставридис e водечки грчки музичар, факултетски професор и еден од најдобрите европски инструменталисти на хармоника. Тој ќе го промовира својот нов албум „Spicey Margarita”, прогласен за еден од најдобрите европски World music албуми во 2021 година.

Претходна вестПочна гласањето: Гласаат затворениците, заразените со ковид, старите и изнемоштени лица
Следна вестИ денеска врнежливо, од утре сончево и потопло