Македонците консумираат најмалку месо во Европа, околу сто грама дневно

Македонија, Албанија, Турција и Молдавија се земји каде што најмалку се консумира месо. Според мапата за потрошувачката на месо по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Ландгеист“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), Македонците, Албанците, Турците и жителите на Молдавија годишно консумираат по 39 килограми месо, односно, по околу 100 грама дневно.

Од земјите во регионот, најголема потрошувачка на месо има во Хрватска со 80 килограми по жител, а потоа се Црна Гора со 78 и Словенија со 70 килограми месо по жител. Србите во просек годишно јадат по 56 килограми месо, а граѓаните на Босна и Херцеговина 43 килограми.

Шпанија е на прво место во Европа со 99 килограми месо по жител. Втора е Португалија со 95 килограми, а на трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител.

Податоците на „Ландгеист“ за потрошувачката не месо не ги вклучуваат рибата и морските плодови.

Претходна вестИзгоре автомобил во Чаир
Следна вестДве девојки претепани во Чаир