И натаму висок број на новопримени пациенти со ковид во Скопје – 81 за 24 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје е хоспитализирани 81 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 698 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 40 приеми, во ковид- центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 16 примени пациенти и 6 биле примени на Инфективната клиника, во Козле биле примени 3 и 12 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4  пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 58 оздравени пациенти.

Вкупно во државата на болничко лекување од ковид се 1.740 лица.

Како што објави министерот Венко Филипче денеска преку Фејсбук, од утре осум лекари од приватните болници ќе се вклучат во ротацијата за лекување на ковид-пациентите во јавното здравство.

Претходна вестШилегов за грчки медиум: Се надевам дека коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад
Следна вестАко дозволи законот, Владата ќе ги објави имињата на 58 тајни хонорарци