Ако дозволи законот, Владата ќе ги објави имињата на 58 тајни хонорарци

Владата потврди дека има ангажирано лица на хонорарна основа. Но вели дека иако нивните имиња не се објавени, за разлика од имињата на вработените, тие не се тајни.

Владиниот портпарол Мухамед Хоџа денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ги објават имињата на 58-те хонорарци за кои вчера пишуваше „Призма“, рече дека прво ќе се консулираат до институциите за заштита на личлни податоци и за информации од јавен карактер, па ако тое е дозволено, ќе ги објават.

Но Хоџа тврди дека тие не се тајни или анонимни, туку само се привремено ангажирани за специфични ангажмани, кои не можеле да ги направат вработените.

-Точно се знае за што Владата ангажирала физички лица надвор од редот на вработените, за кој временски, со колкав финансиски надомест. Тие ангажамани се строго професионални и се реализираат во целост. Тоа се специфични анагажмани кои не може да се реализираат од редот на вработените и за нив не може да се отвори редовен работен однос и затоа се ангажирани привремено, рече Хоџа.

Но она што не го објаснија денеска од Владата е за каков тоа специфичен ангажман се работи, кој никој од над 250 вработени во Генералниот секретаријат на Владата не може да го изврши.

„Призма“ вчера, врз основа на фактурите добиени преку Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, што биле исплатени преку авторската агенција „Артпицк“ за декември 2020 година, објави дека Владата лани во декември ангажирала 58 луѓе, ама за разлика од вработените што се наведени со име и презиме, овие хонорарци се скриени, па, и покрај сите декларирани заложби за транспарентност, Владата инсистира тие да останат – анонимни.

 

Претходна вестИ натаму висок број на новопримени пациенти со ковид во Скопје – 81 за 24 часа
Следна вестШилегов: На Скопје не му е потребна нова тешка индустрија во Железара