И шатките во Вардар се поднапија и гледаа телевизија за Нова Година

Подзаврна деновиве и Вардар малку се раздвижи. Си ги понесе со себе сите „убавини“ што му ги даруваат „совесните велеграѓани“.

Но, тоа дури и убаво излезе за многуте шатки кои ја красат реката во Скопје. За новогодишната ноќ и тие имаа многу шишиња за да се поднапијат – да слават. А оние пак шатки (и по некој галеб) кои си живеат во Аеродром имаа и телевизор во водата. Комплетна новогодишна дешавка бе…

Ова утро веќе не гледаа телевизија. И тие брзо увидоа дека на македонските канали има премногу турски серии и српски турбо фолк музики па си пливкаа повеќе околу шишињата кои машала ги има, ги има…

Од утре кога завршува празнувањето се очекува шатките да почнат и да си перат и готват. Има многу перални и шпорети по Вардар.

Претходна вестСончево време, во текот на ноќта врнежи од дожд
Следна вестКазнети 208 лица за неносење маска