И утринава лажни дојави за бомби во три училишта

Дојави за поставени експлозивни направи утринава биле добиени во три училишта во Скопје, соопшти денеска МВР.

Училиштата пораките ги добиле околу 07.30 часот по што ја информирале полицијата.

-Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата во скопско кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа. Денеска (02.12.2022) околу 07.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопшти МВР.

Вчера дојави биле добиени во девет скопски училишта, но и тие биле лажни.

Претходна вестСрбија се повлекува од самитите на Западен Балкан: „Срамна изјава на ЕУ…“
Следна вестМундијалско ехо: Енрике ќе добиел срцев удар, Нејмар нема да игра до крај