Венко Филипче влегува во трката за лидер на СДСМ откако денеска најави дека ќе се кандидира во рамките на постапката која е отворена во партијата. Во изјавата за ТВ24 тој рече дека ќе биде кандидат.
-Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ, рече Филипче за ТВ 24.
Филипче е трет кандидат за лидер на СДСМ , својата кандидатура досега ја најавија пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, а опција да се кандидираат не исклучуваат ниту Стефан Богоев, ниту Александар Бајдевски.
Филипче беше носител на четвртата изборна единица, каде СДСМ доби пет пратеници.
Важи за човек од доверба на екс лидерот на СДСМ Зоран Заев.