На подрачјето на Македонија вчера се санкционирани 553 возачи кои управувале со возила коишто се движеле со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР за вчерашните контроли на сообраќајниците.
-Од нив 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 251 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 327 надвор од населено место, се наведува во информацијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, потсетуваат од МВР.