И ЗА ОВА ГРАЃАНИТЕ СЕ ВИНОВНИ: Уште ги нема задолжителните налепници со фамозното „НМК“

Власта направи хаос со наметнатото менување на личните документи, а на тоа го надодаде и „моралното“ лепење на фамозни и недоволно јасни налепници со „НМК“ на регистарските таблички. И сето тоа морало да се заврши до 12 февруари.

Но, еве и денеска нема налепници во станиците за технички прегледи на возила. На пет дена до истекот на рокот во станиците утрово ни изјавија дека потребните налепници не им се доставени.

-Не ги добивме ни денеска, а немаме најава кога би можеле да бидат доставени, ни изјавија во една станица за технички преглед од подрачјето на скопската општина Аеродром.

Ист одговор добивме и во неколку други станици.

Невиден хаос. Власта наметнува налепници да имаме до 12 февруари, а нив никаде ги нема за да се лепат. 

Која е причината за неиспораката на налепниците од полицијата се уште нема официјално објаснување. Договорот за нивна набавка е склучен уште во декември минатата година, но до испораката се уште не доаѓа. МВР завчера само соопшти дека налепниците ќе бидат бесплатни.

Доскорешниот министер во МВР, Оливер Спасовски, за хаосот со личните карти ги обвини граѓаните иако целиот проблем настана поради лошата организација во неговото министерство. Сега може ќе излезе и за налепниците ќе ги обвини граѓаните? Или сега пак може за се ќе го критикува неговиот наследник кој само пред некој ден седна на чело на МВР?

Претходна вестВо соседна Албанија бигамијата ќе се казнува со затвор
Следна вестГолема донација на Европската Унија за скопската Итна помош – ќе и донира седум амбулантни возила