Вакцинацијата против сезонскиот грип ќе започне следната недела, информираа денеска од Министерството за здравство.
Вкупно се набавени 40.000 дози на четири типни вакцини кои се наменети за бесплатна вакцинација на следните дефинирани ризични групи: стари лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години. Сезонската имунизација против грип во ЈЗУ Здравствен дом Скопје, ќе се одвива во шест поликлиники на територија на град Скопје и тоа во Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански.
–Измунизацијата ќе биде со упатување од матичен лекар преку системот МојТермин, во периодот од 14 до 19 часот. Комерцијалните вакцини против сезонски грип ги набавуваат центрите за јавно здравје, каде и ќе се врши вакцинирањето. Центарот за јавно здравје Скопје ќе набави 4,000 вакцини, а цената ќе биде по 800 денари, потенцираат од Министерството за здравство