Автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе ќе се трка на Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), кој оваа година има 10 трки. Ова за него претставува нов предизвик.
Првата трка ќе се вози претстојниов викенд во Франција. Оваа трка традиционално е првата страница на Европскиот шампионат. Пријавени се 190 натпреварувачи од кои Иџе е единствениот Македонец. Бројката на пријавени натпреварувачи укажува дека конкуренцијата оваа година ќе биде пожестока, информираат од Видеолотарија.
– Би сакал да се заблагодарам на сите кои во мојот тим го препознаа потенцијалот и нѐ поддржаа за натпреварувањата за оваа сезона. Посебно би сакал да се заблагодарам на сите мои спонзори кои веруваа и во иднина ќе веруваат во нашиот потенцијал, вели Иџе.
Тој не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат.