ИЈЗ: Водата да биде прв избор за престојните празници

Институтот за јавно здравје издаде препораки за правилна хидратација за време на празниците.

Се советува водата да биде прв избор, додека се препорачува избегнување на слатките пијалаци и алкохолот.

Слатките пијалаци, како газирани, овошни и енергетски пијалаци, се поврзуваат со здравствени ризици како дебелина, дијабетес тип два и кардиоваскуларни болести.

ИЈЗ исто така нагласува дека не постои безбедно ниво на консумирање алкохол, бидејќи алкохолот е поврзан со повеќе видови рак и смртни случаи.

Од Институтот апелираат изборот да падне на вода, млеко, јогурт, чаеви без додаден шеќер, а алкохолод и засладените пијалаци да се избегнуваат.

Претходна вестУтрото ведро и студено, преку денот сончево со мала локална облачност
Следна вестДочек на Новата година во центарот на Скопје и во Кисела Вода