Темен режим Режим на светлина

Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала локална облачност

Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Времето денеска со ведро и студено утро, со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7°C до 3°C, а максималната ќе достигне од 7°C до 14°C.

Во Скопје утрото ќе биде ведро и студено со појава на утринска магла , а во текот на денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4°C, а максималната ќе достигне до 9°C.

До петок ќе се задржи стабилно, суво и претежно тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури. Во сабота се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пожар во центарот на Скопје, гори запуштен објект

Следна објава

ИЈЗ: Водата да биде прв избор за престојните празници