Темен режим Режим на светлина

Герасимовски: 2000 дечиња добија новогодишни пакетчиња

Општина Центар, оваа година ги изненади дечињата на територија на општината со 2000 новогодишни пакетчиња. Овие пакетчиња беа поделени на учениците од основните училишта во Центар, децата од градинките, како и на лицата со попречености и со Даунов синдром.

Не беа заборавени ниту пак најмалите херои кои се лекуваат на Клиниката за детски болести и Клиниката за детска хирургија, кои добија пакетчиња како дел од новогодишната магија.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакнува дека новогодишните празници се време кога сите треба да се чувствуваме убаво, особено нашите најмали, кои го прават посреќен секој наш ден.

-Изминатава недела заедно со Дедо Мраз донесовме радост и насмевки на децата. Благодарност до сите општествено одговорни компании кои се приклучија и нѐ поддржаа да ги израдуваме најмалите. Заеднички можеме да направиме многу, вели Герасимовски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Со неколку клика до билет, нова дигитална услуга на ЈСП

Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата одлучи да му префрли 120 милиони денари на ЈСП Скопје

Следна објава

На новогодишната ноќ на Токсикологија 18 лица со акутно труење, најмладиот има 14 години