Незадоволни од хаосот на граничните премини и предолгото чекање транспортерите излегоа на протест. Нешто по 12 часот почна блокада на неколку крстосници на потегот од булеварите во Аеродром до Владата.
Превозниците се револтирани бидејќи на граничните премини се создаваат киломератски колони поради што се случуваат и штети – било да е тоа поради расипување на некоја стока, или поради непочитување на рокови.
– Ние возачите мораме сами да ги надоместиме штетите, исто и транспортните фирми. Веќе ова е децениски проблем и мора да најдеме решение. Зошто ние да плаќаме за нечие несовесно работење?, потенцира Марјан Стевковски, претседател на Независниот синдикат на професионални возачи.